| четврток, 6 декември 2018 |

Намалени цените на земјиштето на грчките острови

Цените на недвижнините на грчките острови значајно се намалени последниве години, создавајќи значителни инвестициони прилики, пишува грчки „Катимерини“.  Просечните цени на куќите на популарните островски дестинации се намалени за 33 отсто во однос на 2008, додека цените на големите имоти и луксузни домови паднаа за дури 40 до 50 отсто, наведуваат агентите за продажба на недвижнини во Грција.

Претседателот на Грчката федерација на агенти за недвижнини Јанис Ревитис рекол дека просечната цена во евра за квадратен метар на следните острови изнесува: Миконос 3.000 евра (во однос на 4.500 евра во 2008 година), Санторини 3.300 евра (во однос на 5.000), Парос 2.000 евра (во однос на 3.000), Наксос 1.600 евра (во однос на 2.650 евра), Серифос 1.500 евра (во однос на 2.200), и Хидра 2.550 евра (во однос на 3.500).

Најголемиот дел од инвеститорите се заинтересирани за купување земјиште на кое во иднина ќе градат хотели и одморалишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top