| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Крим соопшти: Крим формираше своја војска

Премиерот на Крим Сергеј Аксонов денеска изјави дека Крим оформил своја војска, со цел да ги заштити граѓаните од вооружени групи кои се илегално присутни на полуостровот.

-Врховниот совет (парламентот) ме овласти да формирам вооружени сили поради присуство на илегални вооружени сили на Крим, изјави Аксонов, а пренесе Итар-Тасс.
Тој истакна дека кримските вооружени сили се формирани согласно законот и по одлука на парламентот и додаде дека војската му е подредена лично нему, како на премиер.
-Кога ќе заврши реорганизацијата на највисоките владини тела, надлежноста над воените единици ќе ја презеде Врховниот совет на Република Крим, прецизираше Аксонов.
Тој истакна дека во случај Крим да се припои кон Русија, неговите вооружени сили ќе бидат инкорпонирани во руската армија, а кога ќе биде формирана кримската морнарица, таа исто така ќе биде вклучена во руските вооружени сили.
Доколку граѓаните на Крим на референдумот одлучат да и се припојат на Русија, украинските војници кои моментно се блокирани од припадниците на кримската самоодбрана, ќе мора да го напуштат Крим, или да положат заклетва на верност на Крим или на Руската Федерација, порача Аксонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top