Млада девојка била нападната во петокот вечерта на ул. „Богомилска“. Девојката успеала да му побегне на напаѓачот по што го пријавила случајот во полиција, објави „Охрид њуз“.
Како што неофицијално дознаваме истата вечер во населбата „Билјанини извори“ се случил напад на жена на паркинг од станбена зграда.
Во друг инцидент кој се случил пред една недела била нападната уште една охриѓанка. Неофицијално станува збор за обид за грабеж. И овој случај бил пријавен во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.