
Манипулирањето со струјомерите во Грција зема се поголем замав. Претходно кражбата на електрична енергија била карактеристична за посиромашните региони, а особено за ромските населби. Но, од почетокот на кризата и зголемената неможност на луѓето да ги намируваат своите обврски, оваа појава се забележува и во поелитните делови на земјата, како северните предградија на Атина.
Промената на струјомерите се врши од страна на група професионални електричари на начин на кој не може да се открие од електричната компанија ДЕИ, кои ги читаат струјомерите на четири месеци.
Бројот на екипи на ДЕИ кои ги контролираат струјомерите е мал и проверките се вршат во најголем дел на канцелариските згради. Овие проверки покажале загуби на ДЕИ во висина од 40 милиони евра за минатата година. Една година претходно загубите изнесувале 10 милиони евра.
Поради законски пропусти, сопствениците на небаждарени струјомери не носат кривична одговорност и подлежат само на парична казна, наведува весникот „Катимерини“.
Минатата година неплатените сметки кон националното електростопанство се проценуваат на 1,2 милијарди евра. Во јануари годинава е регистриран раст на неплатените сметки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


