| четврток, 6 декември 2018 |

Во Чаир претепан таксист за 10 евра

belo-zolti-taksinja-(3)
Четириесет и двегодишен таксист од Скопје бил физички нападнат и ограбен од две лица, соопшти МВР.
Разбојниците откако го повикале такси возилото да дојде на улицата Панче Неделковски во Скопје, физички го нападнале такси возачот, му украле 600 денари и со тврд предмет го скршиле задното стакло на возилото.
По разбојништвото, двете лица побегнале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top