| четврток, 6 декември 2018 |

Пикасо во постојана поставка нѐ става на светската културна мапа

По зем­јо­тре­сот оваа збир­ка има­ла око­лу 1.800 де­ла, а се­га во сопс­тве­ност на МСУ се на­о­ѓа­ат 3.128 де­ла од око­лу 2.000 свет­ски авто­ри и 1.939 де­ла од 300 на­ци­о­нал­ни умет­ни­ци. Ние сме единс­твен му­зеј на Бал­ка­нот, а мо­же­би и по­ши­ро­ко, со ва­ква им­по­зант­на збир­ка, ве­ли Ели­за Шу­лев­ска

Му­зе­јот на со­вре­ме­на умет­ност во Скоп­је, по пе­де­сет го­ди­ни по­втор­но ја отво­ри по­сто­ја­на­та по­ста­вка за до­маш­на­та и за ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност. Во три­те ре­но­ви­ра­ни са­ли се из­ло­же­ни вкуп­но 330 ли­ков­ни де­ла од врв­ни стран­ски и до­маш­ни умет­ни­ци. Сли­ки­те, скулп­ту­ри­те, гра­фи­ки­те, фо­то­гра­фи­и­те и ин­ста­ла­ци­и­те, кои со де­це­нии со­би­раа прав во де­по­то на МСУ. А во не­го – ви­стин­ско бо­гат­ство. По­ве­ќе од 5.000 умет­нич­ки де­ла.

– Оваа ко­лек­ци­ја е, си­гур­но, ед­на од нај­бо­га­ти­те на Бал­ка­нот – ве­ли Ели­за Шу­лев­ска, ди­ре­ктор­ка­та на МСУ.

„Со­ли­дар­но­ста, не­до­вр­шен про­ект?“ е нас­ло­вот на по­сто­ја­на­та по­ста­вка, ко­ја си­те тол­ку дол­го че­каа да би­де отво­ре­на. Со из­лож­ба­та се од­бе­ле­жа и 50-го­диш­ни­на­та од ос­но­ва­ње­то на Му­зе­јот.

– Ос­но­ван е на 11 фе­вру­а­ри 1964 го­ди­на од Со­бра­ни­е­то на град Скоп­је. Иде­ја­та се ро­ди­ла по ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес, ко­га умет­ни­ци од цел свет со сво­ја­та умет­ност се оби­де­ле да му по­мог­нат на гра­дот. Не­гов прв ди­ре­ктор бил Бо­рис Пе­тков­ски, а по­ста­вка­та би­ла отво­ре­на сѐ до рас­па­ѓа­ње­то на по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. Отка­ко би­ле по­ме­сте­ни во де­по­то, умет­нич­ки­те де­ла ве­ќе не би­ле вра­те­ни во са­ли­те би­деј­ќи би­ле тол­ку де­ва­сти­ра­ни што по­сто­е­ла опас­ност да се оште­тат. Иа­ко во из­ми­на­та­та де­це­ни­ја има­ше из­вес­ни оби­ди да се са­ни­ра му­зеј­ска­та згра­да, ни­ту еден од нив не бе­ше до­вол­но се­ри­о­зен за да га­ран­ти­ра без­бед­ност на де­ла­та – ре­че Шу­лев­ска.

Ми­на­та­та го­ди­на МСУ ги за­тво­ри пор­ти­те за јав­но­ста и поч­на го­ле­ма­та ре­кон­струк­ци­ја. Во пр­ви­от са­лон, на­ре­чен „Ма­ке­до­ни­ја“, ве пре­че­ку­ва скулп­ту­ра-ин­ста­ла­ци­ја и пре­кра­сен аква­рел од Але­ксан­дер Kал­дер. Про­сто­рот е по­де­лен со под­виж­ни па­ноа, а та­ка мо­же да се по­ста­ват и по­ве­ќе де­ла. Kон кра­јот на га­ле­ри­ја­та има са­мо ед­на бе­ли­на на ѕи­дот. Ве­ќе е јас­но – ту­ка е из­ло­же­на сли­ка­та на го­ле­ми­от Паб­ло Пи­ка­со.

Kultura78-MSU-2

Во вто­ра­та из­лож­бе­на са­ла, на­ре­че­на „Скоп­је“, се по­ста­ве­ни гра­фи­ки и фо­то­гра­фии. Нај­го­ле­ми гра­деж­ни за­фа­ти беа из­вр­ше­ни во пос­лед­на­та за­стак­ле­на са­ла на­ре­че­на „Пи­ка­со“. Овој ста­ро-нов про­стор е и нај­го­ле­мо­то осве­жу­ва­ње во МСУ. Из­ва­де­ни се ста­ри­те си­сте­ми за кли­ма­ти­за­ци­ја, по­ста­ве­ни се но­ви без­бед­нос­ни стак­ла со ди­фуз­на фо­ли­ја, ко­ја не ги оште­ту­ва де­ла­та, но­ви кли­ма-уре­ди, нав­лаж­ну­ва­чи на воз­ду­хот. Во си­те са­ли има но­во освет­ле­ние.

По зем­јо­тре­сот оваа збир­ка има­ла око­лу 1.800 де­ла, а се­га во сопс­тве­ност на МСУ се на­о­ѓа­ат 3.128 де­ла од око­лу 2.000 свет­ски авто­ри и 1.939 де­ла од 300 на­ци­о­нал­ни умет­ни­ци.

– Ние сме единс­твен му­зеј на Бал­ка­нот, а мо­же­би и по­ши­ро­ко, со ва­ква им­по­зант­на збир­ка. Со отво­ра­ње­то на оваа из­лож­ба ќе се вбро­и­ме ка­ко ед­на од нај­важ­ни­те кул­тур­ни точ­ки во гра­дот – ве­ли Ели­за Шу­лев­ска.

Kultura78-MSU-3

Kultura78-MSU-4

Ре­кон­струк­ци­ја­та ја фи­нан­си­ра Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра со приб­лиж­но 24 ми­ли­о­ни де­на­ри. Спо­ред Шу­лев­ска, по­сто­ја­на­та по­ста­вка е ср­це­то на се­кој му­зеј, па на неа тре­ба да се обр­не нај­го­ле­мо вни­ма­ние. Таа наг­ла­си де­ка ќе про­дол­жи да се за­ла­га МСУ да до­бие де­пан­данс во цен­та­рот на Скоп­је, ка­де што ќе мо­же да се отво­ра­ат по­вре­ме­ни из­лож­би.

Во по­сто­ја­на­та по­ста­вка се из­ме­ша­ни де­ла­та на до­маш­ни­те и на стран­ски­те умет­ни­ци. Kон­цеп­ци­ја­та ја под­го­тви­ја ку­сто­си­те-со­вет­ни­ци За­ха­рин­ка Але­ксо­ска – Ба­че­ва, Лил­ја­на Не­дел­ков­ска, Зо­ран Пе­тров­ски и Ма­ри­ка Боч­ва­ро­ва – Пла­вев­ска. Та­ка, низ по­ста­вки­те мо­же да се ви­дат де­ла од го­ле­ми­от Пи­ка­со, а нас­про­ти не­го од Ор­дан Пет­лев­ски. Ме­ѓу из­ло­же­ни­те де­ла се и од Ханс Хар­тунг, Ви­ктор Ва­за­ре­ли, Пјер Су­ланж, Џас­пер Џонс, Деј­вид Хок­ни, Ду­шан Пер­чин­ков, Ро­до­љуб Ана­ста­сов, Пе­тар Ха­џи-Бо­шков, Гли­гор Ста­фа­нов, Пе­тре Ни­ко­ло­ски, Але­ксан­дар Стан­ко­ски и дру­ги.

– Сме­там де­ка е од­лич­но да се ви­ди ка­ко на­ши­те умет­ни­ци се до­пи­ра­ат со свет­ски­те што тво­ре­ле во приб­лиж­но исто вре­ме – ве­ли Зо­ран Пе­тров­ски, еден од авто­ри­те на из­лож­ба­та, ко­ја со­др­жи сли­ки, скулп­ту­ри, гра­фи­ки, фо­то­гра­фии и ин­ста­ла­ции.

– Си­те из­ло­же­ни де­ла се те­мел­но кон­зер­ви­ра­ни и ре­ста­ври­ра­ни, а се­лек­ци­ја­та ја на­пра­ви струч­на ко­ми­си­ја во со­став: За­ха­рин­ка Але­ксо­ска-Ба­че­ва, Лил­ја­на Не­дел­ков­ска, Зо­ран Пе­тров­ски, Ма­ри­ка Боч­ва­ро­ва Пла­вев­ска – ве­ли Ели­за Шу­лев­ска, ди­ре­ктор­ка на МСУ.

Kultura78-MSU-5

Kultura78-MSU-6

Гор­ни­от кат на му­зе­јот, кој до ско­ро бе­ше во нај­ло­ша со­стој­ба, е ре­зер­ви­ран за авто­ри­те од по­но­ва­та свет­ска и ма­ке­дон­ска ли­ков­на сце­на ка­ко Але­ксан­дар Стан­ков­ски, Сла­ви­ца Ја­неш­ли­е­ва, Ве­ли­мир Жер­нов­ски, Игор То­шев­ски, Еду­ар­до Кац и дру­ги.

По­ста­вка­та ќе има мож­ност и за про­стор­ни мо­ди­фи­ка­ции со по­мош на под­виж­ни­те па­ноа, а ка­ко што нај­а­ву­ва­ат од МСУ, по не­кое вре­ме из­ло­же­ни­те де­ла ќе мо­же и да ро­ти­ра­ат, па од де­по­а­та да из­ле­зат и дру­ги до­се­га не­из­ло­же­ни де­ла. Во план е до­пол­ни­тел­но да се уре­ду­ва и пар­тер­ни­от про­стор, кој во ид­ни­на ќе се пре­тво­ри во „парк на скулп­ту­ри­те“, а се оче­ку­ва гра­дот да ги са­ни­ра и ска­ли­те што се вр­ска ме­ѓу Ка­ле­то и МСУ, кои во мо­мен­тов се во мош­не ло­ша со­стој­ба.

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 78. број на неделникот „Република“, 28.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top