Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер смета дека состојбата на Крим е кршење на меѓународното право, но признал и дека нападот на НАТО врз Србија во 1999 било, исто така, кршење на меѓународното право, пренесе „Војс оф Раша“
Тој во Хамбруг изјавила дека сето тоа што се случува на Крим е кршење на меѓународното право, но не сакал да го критикува рускиот претседател Владимир Путин.
Шредер, меѓутоа, кажал дека тој како германски канцелар во југословенскиот конфликт го прекршил меѓународното право.
– Таму ние ги испративме своите авиони… врз Србија и заедно со НАТО силите бомбардиравме суверена држава, а притоа немавме ни одлука на Советот за безбедност на ОН – изјавил Шредер и истакнал дека поради тоа е многу внимателен со „покажувањето со прст“ и дека во двата случаи станува збор за формално нарушување на Повелбата на Обединетите нации.
За украинската криза Шредер повторно ја критикувал ЕУ тврдејќи дека лидерите на Европската комисија не успеале да сфатат дека Украина е културолошки длабоко поделена земја.
– Се прашувам дали беше правилно една културолошки длабоко поделена земја, како Украина, да се принуди да избира – договор за асоцијација со ЕУ или царинската унија со Русија – изјавил Шредер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.