| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за тројца познати скопски измамници

Единицата за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава за Б.З. (75), Е.Н. (52) и Р.Ј. (40) сите од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривичнo делo – измама.

Имено, на крајот од декември минатата година управителот на ДПТУ БАЈ МЕЛК ДОО, А.Ј., кое се занимава со преработка на млеко и млечни производи со седиште во с.Требиште, општина Маврово-Ростуше поднесена е пријава против тројцата поради сомнение за сторено кривично дело – „измама“.

Од извршенот разговор со пријавителот, констатирано е дека во текот на ноември 2012 година тројцата пријавени пријавените дошле во просториите на неговата фирма и се сретнале со него, при што Б.З. се преставил како управител на друштвото „ТРГО ТЕТ ГРОУП“ ДООЕЛ Скопје, а Е.Н. и Р.Ј. како вработени во истото друштво. Притоа, тие се преставиле како заинтересирани купувачи на земјоделско -сточарски производи и добри стопанственици, додека правното лице „ТРГО-ТЕТ ГРУП ДООЕЛ“ го преставиле како наводно добростоечко, ликвидно и со добар бонитет, прикривајќи го фактот дека истото во тој период има блокирана жиро-сметка. Наедно изјавиле дека нивната фирма во моментот соработувала со детски градинки на подрачјето на град Скопје поради што имале потреба од набавка на производите од од фирмата на оштетениот А.Ј.

На 28.11.2012 година помеѓу двете наведени правни лица преставувани од управителите А.Ј. и Б.З., бил склучен и потпишан Договор за деловна соработка, по што согласно договорот, од страна на оштетеното друштво во наредниот период во три наврати со пет испратници до ТРГО-ТЕТ ГРУП биле испорачани разни стоки во вкупна вредност од 834.000 денари, и тоа достаувани со превозно средство сопственост на оштетениот односно неговата фирма.

За наведеното секогаш била сочинувана соодветна писмена документација – испратници, со наведен рок за плаќање од 15 дена и приемот лично го потпишувал Б.З., додека превозните трошоци-транспортот во износ од 2.000 денари го исплаќала Е.Н. која се преставувала како секретарка. Откако по подолг временски период не било извршено никакво плаќање, испораката била прекината и по повеќе обиди од оштетениот да оствари контакт со должниците тој не успеал да ги пронајде, а тие веќе биле отселени и од просториите каде што дотогаш работеле.

Од Централен регистер на РМ обезбедена е тековната состојба, историјатот со промени и историјатот на банкарските сметки за ТРГО-ТЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје, а од АЛФА Банка АД Скопје обезбедена е листа на блокади на сметката на истото правно лице. Од увидот во таа документација е утврдено дека правното лице е основано на 06.02.2011 година, сопственик и управител е Б.З и сметката на правното лице била континуирано блокирана почнувајќи од 15.10.2012 година. Исто така, од страна на СВР Скопје-ЕЕКК против тројцата пријавени до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава од 23.08.2013 година заради постоење на основано сомнение дека сториле уште едно кривично дело – “измама“ по чл.247 од КЗ и дека оштетиле повеќе правни лица во износ од 2.666.547 денари во временски период од јули 2012 до февруари 2013 година со лажно прикажување на факти дека правното лице ТРГО-ТЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје е добростоечко, ликвидно и со добар бонитет прикривајќи го притоа фактот дека истото има блокирана жиро сметка.

Инаку, тројцата пријавени се веќе познати на Службата и тоа: против Б.З. се поднесени 12 кривични пријави за извршени вкупно 100 кривични дела од кои половината се кривични дела измама како и кривични дела од областа на имотните деликти и економскиот криминал, за кои, пак, од страна на надлежен суд му се изречени 31 казна затвор, од кои три се условни и две парични казни; потоа против Е.Н. се поднесени четири кривични пријави за сторени кривични дела измама од кои за едно од надлежен суд нејзе и е изречена условна казна затвор; и против Р.Ј. поднесени се 20 кривични пријави, за извршени вкупно 34 кривични дела од кои 22 се измами а останатите од областа на ЈРМ и имотните деликти, за кои од надлежен суд му се изречени 16 казни затвор од кои 10 се условни и три парични казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top