| четврток, 6 декември 2018 |

Бензинот поевтинува

Benzinska-pumpa-1
Малопродажните цени на нафтените деривати, во согласност со методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,47 отсто.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС -95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра-лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден./лит. во однос на цените утврдени со одлуката од 24.02.2014 година.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден./лит., цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80 ден./лит., цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68 ден./лит., додека цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,50 ден./лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и изнесува 40,926 ден/кг.
Причината за намалување на цените на нафтените деривати е намалувањето на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, која изнесуваше 109,175 $/барел и е за 0,15 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (109,339$/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Воедно курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 44,7154ден/$ и е за 0,38 отсто понизок од курсот на доларот (44,8858 ден/$) по кој беа формирани сѐ уште актуелните цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top