Москва е подготвена да му додели 790 милиони евра на Крим, најави пратеникот од руската Дума, Павел Дорохин.
– Руската Влада предвидува голем буџет од околу 40 милијарди рубли за поддршка на развојот на економската инфраструктура во Крим, истакна Дорохин, кој е заменик-претседател на Комисијата за индустриски прашања во Долниот дом на рускиот Парламент.
Во Украинската Автономна Република Крим на 16 март ќе се одржи референдум за приклучување кон Руската Федерација, кој од Киев и од Западот е прогласен за нелегитимен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.