Македонците во Албанија ја поздравија Резолуцијата на Комитетот на министри при Советот на Европа, за спроведување на рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, според која Албанија прифаќа да овозможи школување на мајчин јазик на припадниците на македонското малцинство на целата територија на Албанија.
Македонското друштво „Илинден” во Тирана има надеж дека актуелната влада на Албанија ќе ја примени оваа резолуција. Претседателот на друштвото и главен уредник на весникот „Илинден”, кој излегува во Тирана, Никола Ѓурѓај нагласува дека сега Македонците во Албанија очекуваат позитивната реакција од албанскиот премиер Еди Рама
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.