Станува збор за снимка од телефонски разговор објавена на интернет од 26-ти февруари на естонскиот министер за одбрана Урмас Пает, по неговата посета на Киев, и високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, во којашто се дискутира за наодите на украинските лекари коишто вршеле обдукција на убиените во протестите од судиите во Киев.
Според шефот на дипломатијата на Естонија, „сите докази укажуваат дека сите убиени од двете страни, и од полицијата и меѓу цивилите, се убиени од ист снајпери”.„Сега постојат уште посилни индиции дека зад снајперисти не стоеше Јанукович, туку некој од новата коалиција”, истакнува Пает во еден дел од разговорот и забележува дека новите власти во Киев воопшто не сакаат да го истражуваат тоа. „ „Па да…тоа е, тоа е ужасно…. Мислам дека треба да покренеме истрага за тоа… Досега не сум го слушнала тоа, а е многу интересно. Боже…”, одговара Ештон на снимката, но забележува дека лекарката која ги дала тие информации сепак не е политичарка и брзо го свртува разговорот на друга тема.
Според постојаниот претставник на Русија во ОН, за време на состанокот одржан четвртокот навечер во Советот за безбедност при светската организација зад затворени врати, тој им го свртел вниманието на претставниците на другите делегации на споменатиот телефонски разговор, за кој Брисел не даде никакви изјави, додека естонската страна ја потврди автентичноста.
-Прво министерот потврди дека тоа навистина се негови зборови. Второ, тој запис предизвика загриженоста кај некои европски и руски медиуми, но беше сосема игнориран од американските, рече Виталиј Чуркин.
Рускиот дипломат, исто така, ги истакнал и информациите коишто дошле од Киев за тепањето на членови на украинската Врховна Рада (парламентот), што исто така се содржи во записот од телефонскиот разговор меѓу Ештон и Пает објавен на YouTube. „Тешко е да се замисли како парламент, кој работи во такви услови, мое да се смета за легитимен”, истакна Чуркин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина