
„Украина нема да ѝ отстапи ниту еден сантиметар од својата територија на Русија, чии сили од минатиот месец го окупираат полуостровот Крим“ – изјави украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.
„Тоа е наша земја. Нема да дадеме ниту еден сантиметар од неа. Нека го знаат тоа Русија и нејзиниот претседател“ – рекол Јаценјук на свеченост по повод 200-годишнината од раѓањето на поетот Тарас Шевченко, борец за независна Украина.
Тој увери дека ќе направи напори за политичко и дипломатско решавање на кризата во Крим.
Според Јаценјук, САД и Велика Британија, кои станаа гаранти за територијалниот интегритет на Украина кога поранешната советска република во 1994 година се откажа од нејзиното нуклеарно оружје, ќе направат „се што е можно за да ја заштитат независноста на Украина“.
– Се наоѓаме пред еден од најголемите предизвици во историјата на независна Украина, потенцира Јаценјук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


