| четврток, 6 декември 2018 |

Константинов: Крим ќе стане дел од Русија до крајот на март

Crisis in Ukraine.

фото: ЕПА

Претседателот на прорускиот регионален Парламент на Крим, Володимир Константинов изјави дека автономната република ќе стане дел од Руската федерација до крајот на овој месец. Тој призна дека процесот на транзиција е сложен, но изрази надеж дека на легален начин се ќе заврши до крајот на месецов.

Константинов вети дека наставниците, лекарите, војниците, полицајците и другите владини службеници ќе добиваат четири пати поголеми плати доколку Крим стане дел од Русија.

Во четвртокот кримското раководство одлучи на 16 март да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Крим да се присоедини кон Русија. Новите украински валсти и меѓународната заедница го оценија референдумот за статусот на Крим како „незаконски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top