
Перо Антиќ имаше извонреден настап против ЛА Клиперс. Сепакцрната серија на неговиот тим Атланта продолжи.На третиот свој натпревар по повредата Антиќ врати и во првата петтора на Атланта, одигра одличен меч, но “јастребите“ претрпеа пораз од 109:108.
Антиќ за трисетина минути поминати на паркетот постигна 16 поени, имаше шест скока и една асистенција. Погоди три од петте обиди за три поени.
Ова беше шестти пораз по ред за „јастребите“, чии шанси за пласман во плеј-офот сериозно се загрозени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


