Уметникот Џонас Далберг, кој беше избран да го направи споменикот за 77 лица, главно деца, кои беа убиени од Андерс Беринг Брејвик во два напади на 22 јули, 2011 година одлучи да направи нешто шокантно, како што беше и овој масак – засекогаш да ја промени географијата на земјата. Во масакрот осум лица беа убиени од автомобили-бомби поставени во Осло, а 69 на островот на Утоја, кога цела Норвешка беше во шок и неверување.

Далберг се обидел да ја долови сликата што се случила тој ден, преку уметничкото дело. Затоа одлучил да направи една голема „рана” и да одвои дел од земјата од копното во заливот Тирифјорден. Оваа рана треба да ја претстави болката направена денот кога во Норвешка згаснаа многу млади животи. Така трагедијата, според уметникот, ќе остане вечно нацртана во изгледот на земјата.
Самата „исеченица“ нема да биде на островот Утоја, каде што се случи трагедијата, но туристите во рамките на меморијалот ќе бидат во можност да го посетат островот. Меморијалниот споменик е насловен „Сеќавање на раната“, а посетителите низ шумата на островот ќе влегуваат во тунелот кој води кон пресекот во земјата. Од другата страна на копното, ќе бидат впишани имињата на сите оние кои загинаа тој ден.
– Имињата ќе бидат доволно блиску за лесно да се прочитаат, но сепак далку од дометот на луѓето. Со ова се претставува идејата дека овие животи засекогаш се изгубени – вели уметникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


