| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвора лабораторија на „Нокиа“ за мобилни технологии на ФИНКИ

Во „Смарт центарот“ на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска ќе се отвори лабораторија на „Нокиа“ за мобилни технологии. На отворањето ќе присустува и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Оваа лабораторија, е прва од ваков вид, која „Нокија“ ја отвора на Балканот. Лабораторијата ќе им овозможи на студентите и на професорите на ФИНКИ пристап до најновите технологии на „Нокија“ и на Мајкрософт, кои се едни од водечките компании во областа на мобилните и информатички технологии.

Исто така, ќе бидат презентирани и можностите што ги нуди „Мајкрософт“ како поддршка за локален развој на софтвер во регионот на Централна и на Источна Европа, Истражувачко развојните активности на „Мајкрософт“ и поддршката за програмата „Дев центар“ (Dev Center), како и презентација на алатките што се достапни за факултетот како и за стартните компании (StartUp).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top