Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ попладнево (почеток 15 часот) во Нордхаусен играат важен натпревар за освојување на едно од првите две места во групата 1 од Лигата на шампионите. Противник им е германската екипа Турингер.
Избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ се имаат во „свои раце“ бидејќи доколку останат непоразени ќе имаат реални шанси да се пласираат на завршниот турнир (Ф4) во Будимпешта. Турингер во моментов е на Првата позиција на табелата со 6 бодови, а ЖРК Вардар СЦБТ има бод помалку и е на второто место, додека дански Митјиланд е на третото место со 4 бодови. Савехоф е последен со 1 бод.
Пораз на гостувањето во Германија значително ќе ги намали шансите за пласман во полуфиналето (Ф4 турнир). На првиот натпревар во Скопје „црвено-црните“ со многу маки стигнаа до победата од 31:25.
Вториот натпревар од 5. коло од групата 1 во Лигата на шампионите меѓу Савехоф и Митјиланд се игра утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


