Кошаркарите на Атланта претрпеа уште еден пораз на гостувањето кај екипите од Западната конференција. Ова е нивни трет пораз на исто толку натпревари на оваа турнеја. Ноќеска поуспешни беа играчите на Голден Стејт со 111:97.
За Перо Антиќ ова беше втор натпревар што го игра по повредата и повторно постигна 10 поени. Најефикасен Атланта беше исто така повратникот во тимот Пол Милсап, кој постигна 16 поени. Најпрецизен на натпреварот беше Дејвид Ли со 18 поени.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Чикаго – Мемфис 77:85, Шарлот – Килвленд 101:92, Торонто – Сакраменто 99:87, Бостон – Бруклин 91:84, Њујорк – Јута 108:81, Минесота – Детроит 114:101, Њу Орлеанс – Милвоки 112:104, Далас – Портланд 103:98, Денвер – ЛА Лејкерс 134:126 и Хјустон – Индијана 112:86.
Вечерва се играат шест натпревари: Кливленд – Њујорк, Филаделфија – Јута, Мемфис – Шарлот, Сан Антонио – Орландо, Милвоки – Вашингтон и ЛА Клиперс – Атланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.