| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци ќе ја снимаат музиката за холивудскиот филм за Мајка Тереза

majka tereza

Македонскиот симфониски оркестар Ф.Е.И.М.’С ќе ја сними музиката за холивудскиот биографски филм за Мајка Тереза, насловен „Писмата“ (The Letters).

Филмот треба премиерно да биде прикажен на 5 септември 2014 година, денот кога се одбележува смртта на Мајка Тереза, добитничка на Нобеловата награда за мир. Моментно „Писмата“ се наоѓа во постпродукција.

– Се чувствуваме почестено што успеавме да го склучиме договорот за снимање на музиката за овој филм во нашето студио. На еден начин го дожувуваме и како симболичен чин, имајќи ја предвид поврзаноста на Мајка Тереза со Скопје. Музиката ќе се снима во два дена, а композиторот поради потребните подоготовки за снимање на музиката ќе биде во Скопје четири дена – изјави Лорен Копитс, менаџер на оркестарот Ф.Е.И.М.’С.

Филмот се снимаше во 2012 година на повеќе локации во Индија и ќе го отсликува животот на познатата хуманистка која е родена во Скопје. Ликот на Мајка Терезе ќе го толкува британската актерка Јулија Стивенсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top