
Зоран Ставревски, вицепремиерот и министер за финансии за телевизијата „Алфа“ изјави дека за осум години индустријата креирала нови 27 илјади работни места.
– Ако се спореди 2014 со 2006 година, бројот на вработени е зголемен за 27 илјади – изјави Ставревски.
Бројот на вработени во индустријата се зголемил за 1.1 процент во 2013-та, објави Државниот завод за статистика. Во јануари 2014-та во споредба со истиот месец лани растот е 6.5 процент.
Најголемо зголемување од речиси 150 процнети има кај произведувачите на возила поради отворањето на фабриката за автобуси Ван Хул. Најголем пад од 6.6% има кај произведувачите на кокс и нафта, најверојатно поради неработењето на ОКТА.
Податоците се охрабрувачки, оценува вицепремиерот и министер за финансии. Според Ставрески економијата оди во нагорна линија.
„Ако се спореди 2014-та со 2006-та година бројот на вработени е зголемен за 27.000. Ако има предвид дека во поголем дел од овој период имаше светска и европска криза, а во најголем дел од државите имаше отпуштање на работници во индустријата, кај нас имаше зголемување посебено во индустриските зони, но и надвор од нив“ рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Зголемениот број на работници значеше и зголемено индустриско производство – годишен раст од 3.2 проценти во 2013-та, а месечен од 6.4проценти во јануари 2014-та.
Во првиот месец од годинава, македонските компании изработиле 450 проценти повеќе моторни возила, 35 проценти мебел, 19 проценти пијалаци и 6 проценти повеќе храна. Токму ова е најпозитивниот податок, сметаат економистите. Според нив, квантитетот е важен, но поважен е квалитетот на индустријата.
„Станува збор за производи што имаат зголемена додадена вредност кои дополнително ја поттикнуваат економијата што влева оптимизам дека економијата ќе ја оствари проектираната стапка на раст од 3.7 проценти“ вели проф. д-р Томе Неновски, универзитетски професор.
Сето ова резултира и со намалување на трговскиот дефицит. Статистика прокнижила јануарско зголемување на извозот од 4 проценти, а на увозот од 1.7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


