
Миленичката на британската јавност, модната икона и хуманистка, популарната кејт Мидлтон, и покрај препораката за штедење која доаѓа директно од кралицата Елизабета, троши многу пари, пишуваат таблоидите.
Кејт неодамна го посетила најскапиот фризер во Велика Британија. Откако забележала бели влакна во косата војвотката минала пола ден во луксузниот салон на Розано Ферети, во центарот на Лондон. Ова ѝ беше прв третман за разубавување откако го роди принцот Џорџ. Овој салон го посетуваше и принцезата Дајана.
Таблоидите пишуваат дека таа повторно ја преуредува палатата Кенсингтон.

Таа вторпат ги користи услугите на реномираните дизајнери, а портаролот на палатата изјави дека трошоците за внатрешното уредување ќе бидат покриени од приватниот буџет на кралското семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


