| четврток, 6 декември 2018 |

Киев: Бројот на руските војници на Крим достигна 30.000

Русија има стационирано 30.000 војници во украинската Aвтономна Република Крим, изјави денеска заменик шефот на пограничната служба на Украина, Серхиј Астахов.

Ова е речиси двојно повеќе од бројката која неодамна ја објави Владата во Киев.

Според Астахов, оваа цифра е приближна и ги вклучува припадниците на руската Црноморска флота, која е постојано стационирана на кримското пристаниште Севастопољ, како и силите кои пристигнале на Полуостровот минатата недела.

Властите во Русија, пак, тврдат дека единствените нивни сили кои се наоѓаат во оваа област се оние кои се распоредени во Севастопољ.

На почетокот на оваа недела, украинските власти соопштија дека на Крим има вкупно 16.000 руски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top