Египетските диџеи Али и Фила како дел од нивната турнеја составена од настапи во девет различни земји (Кина, Чиле, Аргентина, Англија, Северна Ирска, Оман, Македонија, Словачка, Америка-Мајами), ќе се претстават и пред публиката во Скопје.
Се работи за диџеи кои во последниве неколку години се во врвот на светската музичка елита, а според еминентниот „ДЈ магазин“ (www.djmag.com), според кое, две години по ред се рангирани во најдобрите 20 диџеи на планетата.
Нивниот настап е закажан за 14. март во МКЦ со почеток во 23 часот.
Али и Фила се и креаторите на се популарното музичко радио шоу „Идниот звук на Египет“ (FUTURE SOUND OF EGYPT), чија песна „We control the sunlight“ во 2011 година беше избрана за најдобра трака на „A state of Trance“ – радиошоуто на Армин ван Бурен.
На овој настан покрај Али и Фила ќе настапи и диџеј Атма, еден од пионерите на електронската музика во Источна Европа, кој повеќе од две децении е присутен на електронска музика сцена. Со повеќе стотици настапи во живо на техно-транс сцената, Атма е познат низ целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.
Влезниците се пуштени во предпродажба по промотивна цена од 300 денари во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа Купи карти за се во Скопје и ширум земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.