| четврток, 6 декември 2018 |

Зборовите што Писториус не можеше да ги поднесе (ФОТО)

Четвртиот ден од судењето на најпознатиот параолимпиец во светот, јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус вчера помина во знакот на сведочењето на радиологот Јохан Стип, човекот од Брзата помош кој прв пристигна на местото на настанот.

Писториус лани, на 14 февруари, ја застрела својата девојка Рива Стинкамп во неговиот дом во Преторија, Јужна Африка, а во август беше поднесено обвинение против него за убиство со умисла.

– Се обидов да ѝ помогнам барајќи  каков било знак на живот – ја почнува својата приказна Стип.

Тој продолжи да опишува што се случило по пристигнувањето на вратата во домот на Писториус во раните утрински часови на Денот на вљубените минатата година.

– Таа лежеше на подот. Немаше пулс во вратот, никаквов знак на дишење… Се обидов да го запрам крварењето. Тој плачеше цело време молејќи се за нејзиниот живот. Рече дека ќе ги посвети и својот и нејзиниот живот на Бога, само таа да преживее – продолжи болничарот.

Писториус не можеше да го поднесе сведочењето и сите детали од кобната ноќ. Атлетичарот ги покри своите уши и мижејќи чекаше да заврши сведочењето.

pistorius 2

– Јас ја застрелав. Мислев дека е некој провалник и ја застрелав – се потсети Стип на зборовите кои вечерта низ плач ги кажал Писториус, потврдувајќи дека атлетичарот дефинитивно сакал таа да преживее.

Според Писториус, неговата девојка, моделот Стинкамп, сакала да го изненади за Денот на вљубените, во зори тивко прикрадувајќи се во неговиот дом, а тој ја застрелал мислејќи дека се работи за крадец.

pistorius

Судењето сѐ уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top