| четврток, 6 декември 2018 |

Лејкерс замрзна на минус 48, Клиперс им го нанесе највисокиот пораз во клупската историја

Лос Анџелес лејкерс го претрпе највисокиот пораз во клупската историја, и тоа во дуелот со лутиот ривал Клиперс, а разликата на крајот беше 48 поени, 94-142.

За победничката екипа тоа е шести триумф во низа, а има исто толку успеси во градското дерби на Лос Анџелес во последните 7 пресметки со Лејкерс.

Дарен Колисон беше најефикасен на мечот со 24 поени, Блејк Грифин уфрли 20 поени и забележи 11 скока, а публиката почна да си заминува од салата по завршувањето на третиот период. Пред стартот на последната четвртина, Клиперс имаа предност од 49 поени и водеа со 109-60.

Во двата останати дуели Сан Антонио го декласира шампионот Мајами хит со 111-87, во дуел во кој „мамузите“ постојано имаа предност. Тим Данкан оствари 23 поени и 11 скока, а поефикасен од него за еден поен беше Крис Бош од поразениот тим. Леброн Џејмс уфрли 19 поени.

Домашниот тим славеше и во Аризона, каде што Феникс беше подобар од Оклахома. „Сонцата“ победија со 128-122, а Џералд Грин блескаше со 41 поен. Кај гостите Расел Вестбрук даде 36 поени, а Кевин Дурент стаса до бројката од 34.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top