
Русија ги осуди цинизмот и недозволивата ароганција на Вашингтон по критиките на Стејт департментот, кој наброја десет погрешни тврдења на претседателот Владимир Путин за украинската криза.
Од објавувањето на овие точки не нѐ погоди толку примитивното искривување на стварноста, туку цинизмот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Нема да се впуштаме во полемики за пропаганда од најнизок степен. Повторно се сретнуваме со неприфатлива ароганција и претензии дека некому му припаѓа правото на вистината. САД не можат да имаат право на подучување за почитување на меѓународните норми и почитување на суверенитетот на другите земји – стои во соопштението.
– Што е со бомбардирањето на поранешна Југославија или со упадот во Ирак под лажни изговори – прашува руското Министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


