Премиерот Никола Груевски пристигна на 22- риот Конгрес на Европската народна партија што се одржува денес и утре во Република Ирска.
На конгресот учествуваат 12 шефови на влади на држави од Европската унија и раководството на ЕУ, кое доаѓа од Европската народна партија. Во овие два дена во Даблин ќе се избира претседател на ЕПП и нивен кандидат за претседател на престојните избори во ЕУ.
Во Даблин се присутни 2000 учесници и над 800 делегати. Во делегацијата која ја предводи Груевски се и Mартин Протоѓер, Никола Поповски и Влатко Ѓорчев, како делeгати кои имаат право на глас на овој Конгрес. Се очекува во доцните попладневни часови да се обрати премиерот Груевски.
Меѓу присутните на Конгресот во Даблин се и германската канцеларка, Ангела Меркел, шпанскиот премиер, Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски






