Робин ван Перси, според многуте шпекулации, воопшто не е задоволен со доаѓањето на Дејвид Мојес во Јунајтед, а лошите резултати можат да го одалечат Холанѓанецот од „Олд трафорд“.
По сензационалните најави од пред еден месец, според кои Ван Перси би можел да се врати во Арсенал, сега се појави и нова ривалска опција. Во прашање е Челси.
Како што пренесува „Тутоспорт“, три големи клуба се заинтересирани за него, а покрај споменатиот Челси, главни фаворити се Монако и шампионот на Италија, Јувентус.
Познато е дека Мурињо бара напаѓач, а Ван Перси би бил идеален за неговите потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.