| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов продолжува со средбите со граѓаните

drenovo-ivanov2-500
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во кавадаречкиот регион го посети селото Дреново. Жителите на селото го информираа претседателот Иванов за животот во Дреново, и разменија мислења како да се унапредат руралните средини и како истите да придонесат за севкупниот развој на регионот.
Претставниците на локалните власти посочија дека е во тек изработка на урбанистички план за Дреново и дека неодамна е извршена реконструкција на подрачното училиште во селото. Воедно беше разговарано за идните зафати на локалните власти со цел подобрување на условите за живот во ова село.
ivanov0

Иванов денеска беше во посета и на Градско. Жителите на Градско го поздравија почетокот на реконструкцијата на патот од селото Долно Чичево до манастирот „Св. Архангел Михаил“, со што ќе се овозможи полесен пристап до манастирот. Воедно, изразија задоволство од изведените зафати со цел подобрување на патната инфраструктура и изведбата на реконструкција на 4 локални патни правци. Во разговорите со претседателот Иванов, претставниците на локалната самоуправа посочија дека постојниот систем за водоснабдување не ги задоволува потребите на населението поради што оваа година е предвидена доградба на системот.
Воедно, беше истакнато дека е извршена санација и реконструкција на армиранобетонски мост на реката Вардар на локалниот пат Градско – с.Ногаевци, и дека се планира изградба и на локалниот пат од Брана Подлес до с. Подлес, во вредност од 11 милиони денари.
За најмладите жители на Градско е извршена реконструкција на детската градинка и во вредност од 1,5 милион денари, а во тек е изградба на повеќенаменско игралиште, во вредност од 5 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top