Карл Лагерфилд направи ревија во супермаркет. Модниот гуру Карл Лагерфилд се одлучи да ја претстави новата колекција на модната куќа „Шанел“ во супермаркет во рамките на Модната недела во Париз, објави „Гардијан“. Армија од модели на Карл дефилираа покрај прехранбените производи во супермаркетот во центарот на Париз. Финалето беше резервирано за новата муза на дизајнерот Кара Делавин, која излезе држејќи се со него за рака. Кара беше придружувана од Мишел Родригез, како и од нејзината најдобрата пријателка Ријана, облечена во розово здолниште на „Шанел“.
Заштитното лице „Шанел“, Кира Најтли, исто така, присуствуваше на ревијата, покажувајќи го малиот струк во здолниште препознатливо за оваа модна куќа. Сите производи што гледачите ги видоа по рафтовите на модниот супермаркет, ќе бидат подарени на асоцијации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.