| четврток, 6 декември 2018 |

„Future inc.“ – иднината на македонската клупска сцена

Продукцијата „Иноватива“ го претставува новото македонско електронско-аналогно дуо, „Future inc.“, кое продуцира музика и преработува познати песни во електронска верзија, употребувајќи ги последните хардвер и софтвер решенија за продукција.

Настапуваат во живо, а нивното претставување е поразлично од сите останати на нашата сцена. Користејќи падови за ритам, миди контролери за ефекти, клавијатура, перкусии и со вокалните способности, овие млади момци работат напорно на оваа музичка револуција која штотуку започна на нашите простори, велат од продукцијата. 

 „Future inc.“ го сочинуваат Игор Андреев (кid H.E.Y.O.) и Марио Кузманоски(Mario Eddie). 

Игор Андреев (кid H.E.Y.O.) го наследува музичкиот талент од неговиот татко кој е басист и уште од мал учи да свири на гитара. Завршува основно музичко училиште на пиано. Неговата прва касета од „Продиџи“ му го менува мислењето за денс-музиката. Вo 2008 година заминува во Дубаи и е резидент-диџеј во „Royal Ascot rooftop lounge bar“. По неговото враќање во Македонија во 2010, за многу кратко заминува на Тенерифе каде е резидент диџеј во „Sensual beach bar“. Mоментално работи на продукција во своето музичко студио во Прилеп.

Марио Кузманоски(Mario Eddie) има 18 години, а cо музика се занимава од мали нозе. Наследувајќи го својот татко, Марио како диџеј активно се занимава веќе 5 години. Започнува да пушта музика по радио станици, а подоцна и низ ноќните локали во Прилеп, па и низ цела Македонија. Марио свири пијано и продуцира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top