СВР Битола поднесе кривична пријава за Ф. С. (31) и Д. О. (28), двајцата од Битола, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Имено, Ф.С., кој е на издржување казна затвор во затворот во Битола, излегол од затворот, при што неовластено набавил и препакувал наркотична дрога марихуана која му ја дал на Д.О со намера да ја достави дрогата во затвор, за одредена сума пари.
Но, од страна на полициски службеник е извршен преглед над Д.О, при што е пронајдена најлонска кеса со 108,9 грама марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.