| четврток, 6 декември 2018 |

„Прво, па женско“ вторпат во МКЦ

прво па женско

Повеќе од 15 млади дизајнери и брендови за накит ќе учествуваат на базарот во рамките на второто издание на „Прво па женско“, што ќе се одржи по повод 8 март во Младонскиот културен центар во Скопје.

Базарот на ракотворби ќе се одржи в петок и в сабота, на 7 и 8 март. Меѓу учесниците на слободниот простор за презентација и промоција на ракотворби направени од и за поинаквите жени и мажи во холот на МКЦ.

„Прво, па женско“ е иницијатива што има цел да поттикне одново промислување на значењето на 8 март – Меѓународниот ден на жената.
Активизмот и вмрежувањето остануваат клучна точка и фокус на фестивалот, со тоа што ќе ја прошириме можноста за соработка меѓу организациите кои работат на сродни теми во региониот и во ЕУ. Оваа година програмата вклучува: женска соба за промоција на организации кои работат во областа на правата на жените и човековите права, активизмот во Македонија и регионот, потоа антипредавања за женскте преспективи во литературата, уметноста и популарната култура на професорките Маја Бојаџиевска, Славица Србиновска и Рајна Кошка Хот; Отворена библиотека со наслови од областа на родовите студии од незавнисни издавачи, изложба и работилница за фанзини на Рита Гомес – активистка, дизајнерка и илустраторка од Португалија; Филмска програма…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top