| четврток, 6 декември 2018 |

Расте цената на храната

zito

Цената на храната во февруари забележала најголем скок од средината на 2012 година, поттикната од поскапувањето на сите прехрамбени продукти, освен месото, објави агенцијата за храна на Обединетите нации, ФАО.

Индексот на цената на кошничката на клучни прехранбени производи кои ФАО ги објавува секој месец, а ги вклучува житариците, маслото, млекото и млечни производи, месото и шеќерот, порасна во минатиот месец за 2,6 отсто во однос на јануари, искачувајќи се на 208,1 индексни поени. Воедно благо е ревидирана неговата вредност за јануари, на 202,9 поени.
Најмногу вo февруари пораснале цената на шеќерот, за 6,2 отсто на месечно ниво и растителното масло за 4,9 отсто. Цените на житариците се зголемиле за 3,5 отсто, а на млекото и млечните производи за 2,9 отсто.
Цената на месото, пак, благо се намалила за 0,5 отсто, пресметаа од ФАО.
Во одвоен извештај меѓународната организација ја зголеми својата прогноза за производство на житарици на рекордни 2.515 милиони тони, што е 13 милиони тони повеќе во од претходно прогнозираното.  Со тоа проценката на светските залихи на житарици на крајот на сезоната се зголеми за 578,5 милиони тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top