| четврток, 6 декември 2018 |

Русите влегоа во украинските воени бази

rusi na krimРуските сили ги зазедоа статешките позиции на Крим, со што напнатоста порасна на само неколку часа пред средбата на шефовите на дипломатиите на САД и на Русија во Париз.

По два дена во кои руските војници ги заобиколија украинските касарни и воени бази, нивниот влез во воени реони е нова етапа во кризата на Крим. Во Фиолента во близина на Севастопол, кае е руската црноморска флота и во Еватапори на западниот дел на Крим, операцијата е завршена без испукан куршум. И во двата наврати со ист начин- руските сили влегуваат во базите заедно со демонстрантите. Во Фиолента руските војници се во базата но за сега само ги блокираат деловите каде се наоѓаат ракетите. Истот се случува и во другата база, но таму ракетите се евакуирани

Претседателот Владимир Путин силно ги негира чекорите на руската армија, тврдејќи дека се работи за собир за самоодбрана, па објаснува дека некои можеби имале униформи на руската војска која моѓе да се купи по продавниците.

На дипломатски план, Вашингтон го продолжува притисокот кон Путин. Попладнево е закажана средба на Џон Кери и Сергеј Лавров, кој пред заминување во Парис порача дека Москва нема да дозволи крварење во Украина. Иако за време на посетата на Киев , Кери ја обвини Русија дека бара изговор за натамошна инвазија на Украина, постојат сигнали дека Вашингтон бара излез и за Русија. Идејата е а се одговори точка по точка на стравувањата на Москва, порача Белата куќа.

Додека Украинците и западот стравуваат од воена операција со големи размери, Путин оцени дека праќањето на руските сили „моментално не е потребно“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top