Рускиот претседател Владимир Путин е номиниран за нобелова награда за мир за 2014 година, објави агенцијата „Ројтерс“.
За наградата конкурираат рекордни 278 кандидати, 47 органзиации, соопшти директорот на Нобеловиот институт Геир Лундестад.
Освен Путин, меѓу кандидатите за престижната награда се и папата Франциск и поранешниот службеник на Американската национална агенција за безбедност Едвард Сноуден.
До крајот на мај ќе биде скратена листата на кандидатите, а гласањето за добитникот е вториот петок во октомври. Наградата се доделува на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел.
Првата нобелова награда за мир била доделена во 1901 година. Добитникот е награден со осум милиони шведски круни, односно 1,24 милиони американски долари во кеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.