– Како Влада сме силно фокусирани на решавање на клучните економски проблеми преку структурни реформи, и во таа насока продолжуваме со несмалено темпо. Она на што ќе обрнеме посебно внимание во наредниот период е диверзификација на производството, поттикнување на мали и средни семејни фирми, зголемување на конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија, намалување на енергетската зависност и поттикнување на извозот – најави министерот за економија Ваљон Сарачини.
Според министерот Сарачини, структурните реформи се решение за сите земји од регионот, при што најголемо внимание треба да се посвети на зајакнувањето на конкурентноста на локалната економија, креирањето на нови производи, инвестирањето во иновации, наоѓањето на трети пазари и привлекувањето на регионални инвестиции, особено во делот на инфраструктурата.
– На овој начин ќе се зголеми извозот, ќе обезбедиме макроекономска стабилност, ниска инфлација, намалување на јавниот долг и стабилен девизен курс, цели кои се заеднички за сите земји во регионот – потенцираше Сарачини, кој денеска присуствуваше на промоција на книгата на албанскиот академик, поранешен министер во Владата на Република Албанија и пратеник во албанскиот Парламент Анастас Анѓели – „Дневник на економската транзиција“, во Скопје.
Тој додаде дека економската соработка и нејзиното продлабочување се најдобар начин за интензивирање на интеграцијата на двете земји во Европската унија.
Споменувајќи ги главните елементи на унапредената економска соработка меѓу двете земји, меѓу кои интензивирање на соработката во рамките на договорот ЦЕФТА, целосната либерализација на земјоделските производи, договорите од областа на туризмот, изградбата
на далеководот од Елбасан-Битола, достапноста на пристаништето во Драч и за компаниите од Република Македонија, Сарачини изрази особено задоволство од интересот на албански компании за инвестирање во енергетиката, рударството, ИТ секторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Пи-арот на Владата се засилува со Жарко Трајановски и Петрит Сарачини
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…