| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатиот доставувач на пици во светот заработи раклама од 10 милиони долари

Едгар Мартиросјан во моментов веројатно е најпознатиот доставувач на пици во светот, благодарејќи на неговото појавување на сцената на „Долби Театарот“, каде на доделувањето на оскарите донесе три големи пици за холивудските ѕвезди.

Американските медиуми пишуваат дека Мартиросјан од ланецот холивудски пицерии „Биг мамас енд папас“, сепак малку „извиси“, иако водителката Елен Деџенерес собра стотина долари од ѕвездите присутни на церемонијата. ТМЗ пишува дека доставувачот очигледно не бил свесен дека Елен во шапката на Фарел Вилијамс собра преку 300 долари.

Едгар одби да открие дали добил напојница и колку таа изнесувала, но секако на крајот на вечерта доби нешто многу поважно. Имено, како што пишува „Вариети“, неговиот ланец пицерии добил неверојатна реклама која, според експертите, чини околу 10,8 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top