Позитивните трендови на раст на индустриското производство започнати од минатата година продолжуваат и годинава. Тоа е сигнал дека после економската криза, започна период на опоравување. За тоа многу придонесоа странските инвестиции, кои ја кренаа вработеноста, извозот, но и растот на индустријата.
– Охрабрувачки е што индустриското производство го продолжува својот континуитет на раст и оваа година. Тоа е позитивен индикатор и во Сојузот на стопански комори на Македонија, сметаме дека после економската криза, оваа година се создадени услови за остварување на повиоск економски раст- вели во изјава за „Република“, Митко Алексoв од ССКМ.
Инаку индустриското производство во јануари е поголемо за 6,4 отсто, објави Држаниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2014 бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 9,9 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 отсто, Капитални производи за 9,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергијата за 13,3 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.