| четврток, 6 декември 2018 |

Раководството на Автономната Република Крим не ја смета за легитимна власта во Киев

krim vrhovna rada

Раководството на Автономната Република Крим не ја смета за легитимна власта во Киев и заради тоа не се подготвени да одговорат на иницијативата за преговори со Врховната рада, изјави Сергеј Аксјонов претседател на кримската влада.

– Ние таа власт што ни предлага да почнеме разговори не ја сметаме за легитимна. Во тоа е и главното прашање – изјави Аксјонов за летонската радио-станица Балтиком.
На прашање за можност за излегување на Крим од составот на Украина, Аксјонов вели дека „тоа може да го одлучат само жителите на автономната република“, а раководството ќе ја „спроведе нивната волја“.
Во врска со формирањето кримски вооружени сили, Аксјонов рече дека „сите воени единици треба да се потчинат на властите во Крим, поточно на парламентот“, додавајќи дека „голем дел од воените единици преминале на страната на законското раководство на Крим и подготвени се да положат заклетва“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top