| четврток, 6 декември 2018 |

Земан ги спореди настаните во Украина со бомбардирањето на СРЈ

Чешкиот претседател Милош Земан ја спореди изјавата на неговиот руски колега Владимир Путин дека акцијата во Украина е хуманитарна мисија, со бомбардирањето на СР Југославија во 90-тите години на миантиот век, јави дописникот на МИА од Прага.

– Се сеќавам на хуманитарното бомбардирањето на Југославија. Кога пристигнав во Белград, тоа таму не изгледаше толку многу хуманитарно, бидејќи видов разурната болница – рече Земан.

Тој нагласи дека неговите ставови за ситуацијата во Украина остануваат исти и дека се потребни слободни претседателски и парламентарните избори во целата земја.

– Не е можно за Владата да одлучува каков било плоштад, без разлика дали е тоа „Мајдан“, плоштадот во Лвов или плоштадот во Доњецк – додаде Земан.

Според него, санкции против која било држава не водат до никаков разумен резултат.

– Еднаш бев во Мајами и им реков на кубанските имигранти: „Јас ви честитам на вашата политика на санкции“. Таа е толку успешна што Фидел Кастро е диктатор веќе 40 години, а на примерот на Кастро гледате дека тој знае дека санкциите не водат кон разумен резултат – изјави Земан.

Тој смета дека резултат е можен со „внатрешно делување, со трговија, размена на туристи и студенти, едноставно сосема спротивно од тоа, во земјата да продирате што е можно најинтензивно, што може да доведе до деградација на диктаторскиот или автократскиот режим”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top