| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во јануари поголемо за 6,4 отсто

industrija-630x289

Продолжуваат позитивните раздвижувања во индустријата. Имено индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 6,4 отсто во однос на јануари 2013 година, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2014 бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација има опаѓање од 9,9 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 отсто, Капитални производи за 9,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергијата за 13,3 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top