| четврток, 6 декември 2018 |

Австриските инвеститори очекуваат подобра економска година

avstriski

Анкетата меѓу австриските компании кои веќе инвестирале во Македонија, покажала дека во земјава има поволна бизнис клима, а во иднина очекуваат подобрување на состојбата и нови вработувања.

– Австриските компании кои што инвестираат во Македонија за оваа година очекуваат подобрување на состојбата во економијата, повисок промет и нови вработувања – истакна претставникот на Австриската стопанска комора, Герхард Слатл, на денешната средба со домашни компании во рамки на Македонско-Австрискиот бизнис форум.

– Би сакал да укажам на една анкета која што ја направивме меѓу фирмите од Австрија кои имаат инвестирано во Македонија и фактите се различни, но може да се констатира дека соработката тече, условите не се едноставни, но може да се каже дека во 2014-та година очекуваат подобрување на состојбата, повисок промет и нови вработувања – рече тој, нагласувајќи дека ваквите средби се одлична можност за интензивирање на соработката меѓу двете земји.

Според него, најважна цел е да се создаваат контакти меѓу контакти македонски и австриски компании, кои ќе учествуваат во заеднички дијалог за подобра и поинтензивна економска соработка.

– На Македонија и на земјите од регионот им е потребна соработка со јака економија како што е Австрија со цел да ни ги пренесат нивните позитивни искуствата и пракса со цел да се приближиме подобро до европската регулатива и имплементација на европските регулативи – нагласи Софче Јовановска, директорка на Дирекцијата на регионални коори и меѓународна соработка во Стопанската комора на Македонија.

Иако Австрија се наоѓа на 14-тото место според трговската размена сепак постои простор за поинтензивна соработка бидејќи е констатиран негативен трговски биланс од 20 милиони долари.

Размената во 2013-та година меѓу Македонија и Австрија изнесува 175 милиони долари, и што е констатиран раст од 4,2 отсто во однос на изминатата година.

Австрија, како што беше истакнато е втор најголем инвеститор според директни странски инвестиции во Македонија во последните пет години, па согласно податоците на НБРМ за движењето на директни странски инвестиции во 2012-та година изнесува околу 81 милион долари.

Австриските инвестиции се забележани во енергетскиот сектор, во телекомуникациите, во банкарскиот и финансискиот сектор и во областа на градежништвото.

Денешните средби, кои што се иницирани, од страна на австриската и македонската комора се однесуваат на поинтензивната соработка на компаниите од областа на имплементирање на новите технологии во областа на третирањето на комунални и отпадни води, управуање со комунален отпад и сл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top