Лидерот на европските зелени во Европарламентот, Даниел Кон-Бендит, денеска предложи да му се испрати закана на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе биде бојкотирано Светското првенство кое во 2018 година треба да го организира неговата земја.
– Потребен е одговор, најлошо е ништо да не се направи – изјави Даниел Кон-Бендит во интервју за радиото „Франс Интер“.
– Има едно нешто кое може длабоко да го погоди Путин, да му се каже дека Eвропејците и сите оние кои можеме да ги убедиме дека нема да одат на Светското првенство во фудбал по четири години, ако не прекине со однесувањето – рече Кон-Бендит, кој е познат како голем љубител на фудбалот.
– Вие го видовте во Сочи? Ако му речеме: другар, ако продолжиш вака, ти ќе бидеш сам на твоите стадиони на Светското првенство, без Eвропејците. Треба да се изолира, политички, човечки – нагласи европратеникот.
Русија e избрана да го организира Светското првенство во фудбал во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
Новите министри утре ќе бидат предложени до Парламентот
-
За новиот предлог Заев прво ќе ги информира Иванов и лидерите на партиите
-
Теодоракис: Владата по Велигден ќе донесе предлози во грчкиот Парламент за Скопје