Бројот на вработени во Турција од почетокот на светската финансиска криза во 2008 година е зголемен за 23 проценти, објави турскиот веб-сајт „Ворлд булитин“.
Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Турскиот институт за статистика, од почетокот на светската финансиска криза до ноември 2013 година, бројот на вработени во Турција е зголемен за 4,7 милиони луѓе.
Наспроти негативното влијание на кризата, работната сила во Турција е зголемена за 22,7 проценти, наведува „Ворлд булитин“.
Според „Ворлд булитин“, невработеноста во ноември минатата година во земјата изнесувала 9,9 проценти, што е за 0,5 проценти повеќе во споредба со истиот месец 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.