| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена пошта во Бутел

postakatalnovo21

Тешка кражба се случила синоќа во филијалата на „Македонска пошта“ на улицата „Тале Христов“ во скопската населба Бутел, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи.

Непознати сторители прво насилно ја отстранил заштитната ограда, а потоа и влезната врата. Откако влегле во поштата, го зеле металниот сеф и избегале.

Неофицијално, од полицијата велат дека во сефот имало околу 120.000 денари, но се чека потврда од претставници од Пошта.

Полицијата уште го врши увидот и работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top