| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на шеќерот порасна за речиси 20 проценти

sugar

Цената на шеќерот на светските пазари последните недели незапирливо расте. Овогодишната зима беше една од најтоплите во Европа од 1900 година, додека во јануари и во февруари Бразил го погоди нeзапаметена суша.

Бразилските земјоделци со нетрпение ги очекуваат првите дождови за да се спаси бербата. Но, пазарите уште сега реагираат со песимистичките прогнози за производство на кафе и шеќерна трска и најавуваат голем раст на цените.

Само во текот на февруари, цената на кафеавиот шеќер на берзата во Њујорк порасна за 20 проценти, или 17,7 долари по либар (0,4535 кг).

На лондонската берза цената на рафинираниот шеќер скокна за 18 проценти, достигнувајќи 484,70 долари за тон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top