| четврток, 6 декември 2018 |

Турчинов ја повика Русија да ги прекине „агресијата и пиратството“

Вршителот на должност претседател на Украина, Олександр Турчинов, изјави дека руското воено присуство во Крим се зголемува и ја повика Москва да ги прекине „агресијата и пиратството“.

Турчинов изјави дека ситуацијата е сложена во рускојазичните области во јужна и во источна Украина, но додаде дека украинските власти ја држат ситуацијата под контрола.

Тој истакна дека руската црноморска флота ги блокирала украинските воени бродови во заливите на Севастопољ.

– Ситуацијата во Крим останува тензична, а руското воено присуство се зголемува. Го повикувам државното раководство на Русија да ги спречи провокативните акции, агресијата и пиратството. Тоа е криминал и вие ќе одговарате за него – изјави Турчинов.

Еден ден пред посетата на американскиот државен секретар на САД, Џон Кери, Турчинов повика за надворешна помош.
– Од водечките земји во светот очекуваме не само морална, туку и вистинска помош – нагласи Турчинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top