| четврток, 6 декември 2018 |

Траволта се посрамоти на доделувањета „Оскар“

Иако Леонардо ди Каприо повторно не го освои Оскар на синоќешното доделување на наградите на Американската филмска академија, сепак за најголем „губитник“ медиумите го прогласија Џон Траволта.

На ваквата „титула“ славниот актер може да му благодари на тоа што неточно го прочита името на Ајдина Менцел при претставувањето на нејзината изведба на песната „Let It Go“ од цртаниот филм „Снежно кралство“.

– Ве молам посакајте и добредојде на неверојатно талентираната, едена и единствена Адел Дазем, рече Траволта, по што интернетот „експлодира“.

Американските медиуми неговиот гаф го нарекоа „травеститен“, „Хипер Вокал“ оцени дека и покрај претпоставките Траволта можеби сепак не е хомосексуалеци, штом не ја знае Ајдина Мензел, а на „Твитер“ се појавија неколку профили со името „Адел Дазем“ каде стојат благодарници до „Тревис Џарволта“, „Џон Тромолт“ и слични изведеници од иметот на
актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top